Одбележан патрониот празник на ОУ„Малина Попиванова“

Со положување свежо цвеќе пред спомен бистата на хероината Малина Попиванова, во дворот на основното училиште во Кочани, скромно беше одбележан патрониот празник на училиштето.

Дел од вработените  на чело со директорот Благој Петров, одадоа почит на патронот Малина Попиванова, чие име го носи кочанското училиште.

-„Денеска се собравме во мал број, да го чествуваме празникот на нашето училиште „Малина Попиванова“. Меѓутоа во ова време невреме со оглед на ситуацијата во целата држава и светот , во помал број достојно го одбележавме празникот. Сакам да посакам на сите здравје, среќа и да ја поминеме оваа криза. На учениците им порачувам да останат дома, да учат онлајн, да ги слушаат наставниците и родителите и се надевам дека ќе се видиме побрзо и дека идната година ќе го славиме празникот како што доликува.“ – рече Благој Петров директор на ОУ„Малина Попиванова“.

Директорот додаде дека годинава се слави 35 години од основањето на училиштето.  Воедно денес се чествува  и 118 години од раѓањето на Малина Попиванова.

Во текот на зимскиот распуст училиштето е реновирано. Истото е бојадисано, а во училниците поставени се нови клупи, лед осветлување, а обновен е и подот.

Во тек е тендерска постапка за изградба на повеќенаменско игралиште во дворот на училиштето, а во иднина ќе се фасадира и училишната зграда.

И.Матеничарски

Фото: А.Арсов

Сподели: