Одбележан патрониот празник на ОУ „Раде Кратовче“

Скромно и достонствено, со положување свежо цвеќе и рецитали пред бистата на херојот  Раде Кратовче, во дворот на основното училиште во Кочани беше одбележан патрониот празник на училиштето.

Во рамки на одбележувањето на патрониот празник, директорот на училиштето, Благој Давитков додели благодарници на ученици учесници на литературниот конкурс кои твореа на тема „За тебе борецу“, како и пофалници за учесници на државни натпревари.

Уметничкиот дел на настанот беше доверен на училишниот хор.

Во рамки на чествувањето на патрониот празник, делегација на Општина Кочани и Советот, претставници на Сојузот на борци, училиштата „Љупчо Сантов“  и „Раде Кратовче“ и членови на семејството на Кратовче положија свежо цвеќе пред споменик бистите на хероите Сантов и Кратовче во Паркот на револуцијата во Кочани.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: