Одбележан патрониот празник на СОУ „Гошо Викенитев“, ученикот Горјан Илијевски прогласен за ученик на генерацијата 2017/2021 година

Со положување на свежо цвеќе пред спомен бистата на херојот Гошо Викентиев, во дворот на средното училиште во Кочани, скромно и достоинствено беше одбележан патрониот празник на училиштето.

Во чест на 101 година од раѓањето на Гошо Викентиев почит пред бистата на херојот оддадоа  делегација на СОУ „Гошо Викентиев“, Општина Кочани, Сојузот на борците на НОВ и членови на семејството на Викентиев.

-Денеска одбележуваме 101 година од раѓањето на Гошо Викентиев. По тој повод пред бистата на Викентиев цвеќе положија делегација од Општина Кочани предводена од градоначалникот Николчо Илијев, претставници на фамилијата Викентиеви, Сојузот на борците на НОВ и од училиштето. Во чест на патрониот празник ги прогласивме најдобрите ученици од трите струки во училиштето и севкупно ученик на генерацијата. За генерацијата 2017/2021 година од машинската струка за најдобар ученик е прогласен Никола Стојков, од сообраќајната струка ученичката Марија Ангелова, а од електроструката и на ниво на целото училиште е избран Горјан Илијевски, истакна помошник директорот на СОУ „Гошо Викентиев“, Тони Велков.

Во рамки на чествувањето на патрониот празник, училиштето организираше литературен конкурс на тема „Нашиот патрон“.

Првонаградени на литературниот конкурс се учениците Габриела Димитријева и Давид Стојменов. Второнаградена е литературната творба на ученичката Бојана Маринковска, а треттата награда и припадна на ученичката Тамара Тодосиева. Пофалница за литературната творба доби и ученичката Ирена Ѓорѓиева.

Од СОУ „Гошо Викентиев“ додадоа дека помеѓу двете празнувања е работено на подобрување на условите за работа во училиштето. Молерисани се сите простории во училишната зграда, заменет е подот и вратите на училниците, како и параваните во тоалетите.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: