По повод 22 февруари Светски ден на извидниците, ИО„ Ластовица“ од Кочани со четириесет извидници и три старешини викендов учествуваше на заедничкото одбележување на денот, во организација на Сојузот на извидници на Македонија во домот Даре Бомбол на Средно Водно во Скопје.
На отворањето на церемонијата извидниците имаа можност да го повторат својот завет, додека новите го дадоа својот прв извиднички свечен завет, со што и официјално се приклучија кон извидничките одреди. Исто така извидниците заеднички изведоа и хајк до врвот на Водно, а членовите на ИО „Ластовица“ го искорстија слободното време да го посетат и Музејот на илузии во Скопје.
На одбележувањето на Светскиот ден на извиднците учествуваа околу триста извидници од дваесет одреди од Македонија.
И.Матеничарски