Одбележан 20-ти Мај Денот на пожарникарството-Сашо Мијалов избран за најдобар пожарникар за 2019 година

По повод 20-ти Мај, Денот на пожарникарството, во кругот на Територијалната противпожарна единица Кочани, скромно и без поголеми свечености кочанските пожарникари го одбележаа својот празник.

Како најдобар пожарникар за 2019 година од редовите на единицата е избран Сашо Мијалов, на кој градоначалникот Николчо Илијев му врачи пригоден подарок.

  • Сакам да се заблагодарам за наградата што ја примив како и за признанието најдобар пожарникар. Ова признани многу ми значи, секако сам немаше да дојдам до ова признание и награда, се е благодарение на сите колеги. Сите сме заслужни за моето признание и  иако сме во мал број секако дека се справуваме со сите предизвици, изјави Сашо Мијалов.

На свеченоста пожарникарите ги поздрави и градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев кој им се заблагодари за пожртвуваноста и поддршката која ја даваат во справување со предизвиците.

  • И во овие моменти не забораваме и да им го честиаме празникот на пожарникарите  20-ти Мај и да укажеме на важнста на единицата. Оваа едница за локалната самоуправа  е  од особена важност бидејки навистина  е многу важна подготвенста и опременоста на една ваква единица  во специјални ситуации каде имаме пожари и  други несреќи, да може навремено и соодветно да интервенира на предизвиците. Ние оваа единица максимално ја искористивме во делот на дезинфекцијата каде навистина дадоа голема поддршка и помош во дезинфекција на стамбени згради , производствени хали и пензиоренското друштво и секаде каде што беше потребно. Навистина дадоа голема поддршка во делот на спречувањето на ширење на коронавирусот, рече градоначалникот Илијев.

Командирот на ТППЕ Кочани, Благој Паунов им го честиташе празникот на своите колеги пожарникари, а воедно информираше дека помеѓу двете празнувања пожарникарите имале над 300 интервенции од кои најголем дел биле на отворен простор.

Оваа година во општинскиот буџет планирани се средства за набавка на ново теренско возило кое ќе овозможи поефикасни интервенции на пожарникарите, како и зајакнување на капацитетите на Територијалнатата противпожарна единица Кочани. Од неодамна пожарникарите добија и нова интервентна опрема обезбедена од локалниот буџет.

И.Матеничарски

Фото: A.Арсов

Сподели: