На многубројната публика ѝ се обрати в. д. директорката Христина Симова Јовановска, а во словото посветено на сесловенските браќа, беше истакнато нивното огромно значење за македонската писменост и култура.


Присутните ги поздравија настапите на учениците во училишниот хор, драматизацијата и музичко-ритмичките точки.


На свеченоста по повод патрониот празник беше прогласена првенката на генерацијата Јована Карова, а пофалена беше ученичката Тамара Атанасова.


