Одбележан 5 мај – Денот на македонскиот јазик во ЈОУ Библиотека „Искра“

Соопштение од ЈОУ Библиотека „Искра“:

Денес го одбележуваме  5 мај – Денот на македонскиот јазик, за да му оддадеме почит на минатото и да покажеме дека го знаеме и цениме, но исто така , и за да се обврзиме кон иднината – дека тоа што ни е дадено со традицијата и кодификацијата не треба само да го чуваме, туку треба и да го негуваме,  да го афирмираме и развиваме. Нашиот македонски мајчин јазик да остане убав и наш, на него да пееме, да твориме и да живееме.

Прогласувањето  на овај значаен датум е поврзано со КОДИФИКАЦИЈАТА на македонскиот литературен јазик. Кодификацијата претставува прифаќање и систематизација на јазични правила и закони и пропишување задолжителна јазична норма. Таа претставува значаен чин во историјата на еден народ.      

Кодифицираниот јазик е нормиран јазик.

Кодификацијата на македонскиот јазик е поврзана со следниве историски настани:

  • Со Решението на Првото заседание на АСНОМ – 2 август 1944 година, за воведување на македонскиот како службен јаик во македонската држава
  • Со Решението на Президиумот на АСНОМ од 5 мај 1945 година за усвојување на македонската азбука
  • Со официјалното усвојување на македонкиот правопис- 7 јуни 1945.

Денес наши гости соработници беа Славица Цветкова,  професор по македонски јазик и литература и ученици од СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани. Во состав на денешната програма за чествување на Денот на Македонскиот јазик и азбука, во холот на библиотеката е поставена изложба на информативен материјал за воведување на македонскиот јазик за официјален во Република Македонија, за усвојување на македонската азбука и македонскиот правопис, како и слики од првите печатени книжевни дела и списнија на македонски кодифициран јазик. Изложени  на дела од творештвото на авторите на првите напишани дела на македонски литературен јазик, Славко Јаневски, Јован Бошковски и Ванчо Николески, како и материјали за првиот стандардизатор на македонскиот јазик, Крсте Петков Мисирков и Блаже Конески-носителот на кодификацијата на македонскиот јазик. Воедно сите споменати материјали ќе бидат презентирани на видеобим. Исто така поставен се и дела од   библиотечниот книжен фонд на  ЈОУ библиотека Искра – Кочани, кои се печатени од 1945 до 1950 година. Учениците на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани ќе ги  презентираат актите поврзани со кодификацијата и литературни творби од горенаведените автори.

Кристина Ѓорѓиевска Атанасова, библиотекар

Сподели: