Одбележан 8 Април, Меѓународен ден на Ромите

Меѓународниот ден на Ромите 8 април, вчера во просториите на Мултикултурниот центар во Кочани беше одбележан со богата програма. Освен Општина Кочани, во вчерашната програма учество зедоа и општините Штип и Виница.

Свои настапи имаа драмска секција од Штип, ученици од ЈОУДГ „Гоце Делчев“ и ОУ „Славчо Стојменски“ од Виница и ученици од ОУ „Никола Карев“ – Кочани.

По повод чествување на 8 април, Меѓународниот ден на Ромите, беше кренато знамето на Ромите на јарболот пред зградата на Општина Кочани.

Сподели: