Одбелжана 120 – годишнината од раѓањето Малина Попиванова

На мини манифестација во ООУ „Малина Попиванова“ денеска беше одбележана 120 – годишнината од раѓањето на кочанската револуционерка чие име го носи училиштето.

На свеченоста во салата на училиштето учениците читаа литературни творби во чест на патронот, изведба на ритмичка точка, додека уметничкиот дел на настанот беше доверен на училишниот хор и оркестар.

– Денеска го одбележуваме 37. патронен празник на нашето училиште и 120 години од раѓањето на нашиот патрон, Малина Попиванова. По повод празникот учениците и наставниците подготвија кратка програма која ја презентиравме пред присутните гости. „Малина Попиванова“ прерасна во училиште по сите стандарди, периодов инвестиравме во уредување на училишниот двор, спортските терени, а поставивме и термоизолациска фасада. Целосно ја реновиравме спортската сала. Во периодот ќе посветиме енергија за промена на подовите во зградата и кровната конструкција, истакна Благој Петров, директор на „Малина Попиванова“.

Во рамки на чествувањето на патрониот празник, делегација од Општна Кочани на чело со градоначалникот Љупчо Папазов и вработените во училиштето положија свежо цвеќе пред бистата на револуционерката Попиванова во дворот на училишната зграда.

Фото: A. Арсов

Сподели: