Почитувани,
Се јавува потреба на јавноста да им соопштиме и разјасниме некои дилеми кои во последниве денови се повеќе се дискутираат низ Кочани.
На последата средба на нашата организација Одбор за Здрав Живот во Кочани во записникот кој како заклучоци и го објавивме тогаш стои дека нашата организација со искрени намери настапува кон граѓаните на Кочани со цел да креираме група која ќе биде коректор на сите лоши појави во општеството кои го загрозуваат здравјето на сите нас.
За да го потврдиме тоа донесовме одлука како здружение да не се кандидираме на локалните избори 2021 година затоа што тоа го сваќаме како злоупотреба на довербата која народот ни го дава секојдневно и тоа не би било борба за здрав живот и чиста околина туку маркетинг за лично инфилтрирање во совет на општината или политичка партија.
Тогаш имаше неосновани клевети од некои новинари, активисти на партии, невладина организација и други дека баш тоа е намера. Еве потврда дека тоа не е така и сигурен сум дека се срамат од своите постапки.
Како поединци ги охрабруваме нашите членови секој со сопствена совест да се активира во општествениот живот бидејќи се далеку поквалитетни од некои кои ни ги наметнуваат.
Како здружение се оградуваме од било која Facebook група, невладина организација или партија која сака да не злоупотреби како Одбор за Здрав Живот. Искреноста е доблест, а зборот треба да го почитуваме.
Исто така нашите активности ќе ги замрзнеме 40 дена пред изборите за да нема злоупотреба во политички цели.
Посакуваме успех на сите кочанчани и кој и да биде градоначалник му најавуваме дека ќе доставиме повеќе спремни проекти кои ќе помогнат Кочани да биде здраво место за живеење и дека борбата ќе продолжи со ист интензитет.
Ќе градиме мостови за соработка, но очекувајте бура ако нешто ги загрози граѓаните и нивната иднина во Кочани.
Со почит
Одбор за Здрав Живот во Кочани