Одговор на Ана Симонова во врска со реакцијата на директорот на ОOУ„Никола Карев“ Кочани

Во врска оваа реакција сакам да нагласам дека никаде не беше спомнато дека лично сме ја посетиле директорката јас или Орце туку преку наш активист побаравме соработка на ден вторник по што ни беше побарано официјален документ. Кажавме дека документот не е проблем децата да се организираат за еко работилницата и тој ќе биде доставен. Документот во четврток беше пратен, но добивме негативен одговор но барем беше вистинит. И учениците не ги очекувавме.

Во писмото и барањето имаше нагласено дека донациите не се само за деца од ранливи категории туку и за деца кои покажуваат особен успех во учењето. На сите ученици за жал не можевме да обезбедиме па така бројката беше ограничена бидејќи понатаму планиравме работилници и со другите училишта кои ќе бидат и реализирани.

Сподели: