Одговор на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани на прес-конференцијата на ОО на СДСМ Кочани

vmrostab

Почитувани сограѓани!

Уште неизлезени денешнате податоци за новозаболени, како по навика, СДС да побрзаат со прес во кој повикуваат на доверба во Комисијата за заразни болести, која составена од директори и која е само политичка алатка во рацете на Зоран Заев.

Денес имаме околку 100 заболени, а од „црниот понеделник“ наваму, бројките растат по некој нов алгоритам?! Ние, од ВМРО-ДПМНЕ, бараме најитно распуштање на Комисијата за заразни болести, на чело со Жарко Караџоски!

За Д-р Караџоски, статистиката стана поважна од медицината а за Д-р Филипче, ПР-от стана поважен од пандемијата и од здравјето на граѓаните. Република Македонија остана единствената земја во регионот каде ризикот од #COVID19 од ден на ден е се поголем. Време е за одговорност! Или како што вие најдобро знаете, и тука ќе превземете ,,соодветни” демократски чекори?!

Секој кој ќе каже нешто против фамозната Комисија која немаше доблест да пружи рака на колегите од опозицијата, да се фрли на некој модерен ,,Голи оток”!? Или може да се вклучат ,,полициските” портали на Власта и да ги барате т. н. ,,Фејк њуз” вести ама преку нивно ширење од Ваша страна (премолчано значи излажано-читај меѓу редови).

Така да веднаш, сега и најитно, (нешто кое требало да се случи,, вчера”) формирање Комисија која нема да биде генератор на политички решенија туку тело составено од врвни лекари и стручни здравствени работници.

Ви благодарам!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани

Сподели: