Полициски службеници од ОВР – Кочани во содејство со шумска полиција при извршена контрола на моторно возило на патот Кочани – брана Речани, пронашле огревни дрва без соодветна документација при што возилото и дрвата биле одземени.
Како што информираат од полицијата „На 30.09.2021, по преземени мерки од полициски службеници од ОВР Кочани, во содејство со шумска полиција, на патот Кочани – брана Речани извршиле контрола на патничко моторно возило „форд“ без регистарски ознаки, управувано од С.П.(28) од Кочани, при што пронашле огревни дрва без соодветна документација. Возилото и дрвата биле одземени од Шумската полиција за понатамошна постапка, стои во соопштението на полицијата.
Дневен билтен на СВР-Штип