Одложен Драмскиот аматерски фестивал на Македонија

Поради вонредната состојба во државата, Управниот одбор на Дрмаскиот аматерски фестивал на Македонија ги известува љубителите на драмската уметност дека го одложува годинешното 61. издание на фестивалот.

Оттаму информираат дека пријавувањето за учество на фестивалот го продолжуваат до 31 мај, а одржувањето е поместено во периодот од 19 до 26 јуни 2020 година.

И.Матеничарски

Сподели: