Одложен најавениот граѓански протест во Кочани

Жителите на населбите Трајаново Трло, Усова Чешма и Шатровик со писмено соопштение до интернет – порталот „Гласно“ ја информираат јавноста дека закажаниот граѓански протест за в петок (16.04.2021 г.) во Градскиот парк во Кочани се одложува.

„Почитувани, во врска со пријавениот настан (протест), на ден 16.04.2021 Ве известуваме дека истиот се одложува на неопределено време поради индиции за тензии од меѓуетнички размер“, стои во известувањето од жителите на Трајаново Трло, Усова Чешма и Шатровик.

Сподели: