Одржана граѓанска крводарителска акција во Црвен крст Кочани

Во просториите на Општинската организација на Црвен крст Кочани денеска се одржа планираната граѓанска крводарителска акција, на која крв даруваа 23 крводарители.

Акцијата се спроведе со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина Штип.

Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во просториите на Службата за трансфузиона медицина Кочани или секој последен четврток од месецот во просториите на Црвен крст Кочани.

И.Матеничарски

Фото: A. Арсов

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial