Одржана онлајн работилница на тема „Родово сензитивно известување и улогата на новинарот во сузбивање на насилството врз жените“

Македонското здружение на млади правници – Скопје организираше еднодневна онлјан работилница за новинар(к)и и креатори на содржини кои објавуваат статии и други содржини на локални медиуми, на тема „Родово сензитивно известување и улогата на новинарот во сузбивањето на насилството врз жените“.

Работилницатa е дел од активностите на проектот „Креирање култура кон родова еднаквост“, кој МЗМП го спроведува во партнерство со Психотерапика – Скопје, како дел од втората фаза од Регионалната програма на ЕУ и UN Women „Спречување на насилството врз жените во Западен Балкан и Турција: Имплементирање на норми – промена на ставови“,  финансирана од Европска Унија.

Првата работилница се одржа на 11 јануари во која се вклучија и онлајн учествуваа повеќе новинари  од локални и регионални медиуми и портали  од републикава меѓу кои и претставник на интернет-порталот  „Гласно“, а истата содржеше предавање на тема „родово сензитивно известување и улогата на новинарот во сузбивањето на насилството врз жените“.  Се водеше  конструктивен разговор со новинарите и размена на мислења идеи во однос на темата како и предлози за составување и разработка на прилог или новинарска статија во врска со темата а во однос на кои релевантни фактори би биле вклучени доколку се разработува таа тема и слично.

Предавачи на работилницата беа:

  1. Ирена Цветковиќ – доктор од областа на родовите студии и извршна директорка на Коалиција Маргини
  2. Марина Тунева – Директорка на Советот за етика во медиумите

Работилницата беше наменета за новинар(к)и и лица кои креираат и објавуваат статии и други содржини на локални медиуми. За време на работилницата, учесниците  се  стекнуваат со знаења за клучните концепти на родовите студии, ќе формираат насоки за етичко и професионално информирање за родот и родово базираното насилство, и ќе можат преку вежби практично да го применат стекнатото знаење.

Сподели: