Одржана средба во рамки на деветтиот Меѓународен Фолклорен фестивал „Традиционални ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“

Во организација на Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари, а по повод верскиот празник Ѓурѓовден, вчера започна деветтиот Меѓународен фолклорен фестивал „Традиционални ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“, којшто оваа година се одржува од 5 до 8 мај.

По тој повод, денеска гости од Црна Гора, како и членови на Фолклорниот ансамбл „Бјела“ од Херцег Нови, заедно со претставници од домаќините ФА „Љупчо Сантов“ остварија средба со градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов.

Во рамки на деветтиот Меѓународен фолклорен фестивал „Традиционални ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“ ќе се одржи богата програма која вклучува фолклорни концерти, традиционални ѓурѓовденски игри и обичаи, дегустација на традиционални јадења и многу други настани во кои присутните и нашите сограѓани ќе може уживаат.

Сподели: