Со трибина под наслов „Нема оправдување- заедно против насилството врз жени и девојчиња“, Форумот на жени на СДСМ Кочани се приклучи кон глобалната кампања „16 дена активизам против родово- базирано насилство“.

На трибината што се одржа во петокот во Мултикултурниот центар се обрати Градоначалникот на Кочани Николчо Илијев кој изрази целосна поддршка во борбата против насилството врз жени и девојчиња, претседателот на ОО на СДСМ Кочани Гоце Серафимов и Јована Тренчевска како член на ИО на Форумот на жени на СДСМ, државен секретар во Министерство за труд и социјална политика и голем борец за родова еднаквост.
Преку овој настан се испрати моќна порака против насилството врз жените и девојчињата и постигнување на родова рамноправност и еднаквост во општеството.

