Одржан настан за проектот наменет за побезбедна инклузивна заедница за децата преку почитување на правото на детето

Денеска во Мултикултурниот центар во Кочани се одржа настан под наслов „Кон побезбедна и инклузивна заедница за децата преку почитувањето на правото на детето“ во организација на Здружението Двојна Надеж од Штип.

Целта на проектот е подигање на свеста и капацитетите на децата и на креаторите на јавни политики за поголема инклузивност и безбедност на децата во локалната заедница преку унапредување на почитувањето на правата на децата во склад со националните, европските и меѓународните обврски.

На денешниот настан во истражувањето се вклучи и Општина Кочани, заедно со Општините Штип, Струмица и Радовиш за одредените проблеми во врска со инклузијата во општеството, без да се кршат правата на децата. Понатаму ќе следува извештај којшто ќе се користи за идни активности.

Сподели: