Одржан состанок на Локалниот совет за превенција на Општина Кочани

Денеска во просториите на Општина Кочани се одржа состанок на Локалниот совет за превенција на Општина Кочани.

Локалниот совет за превенција констатираше дека безбедносната состојба на подрачјето на општина Кочани е стабилна, а координацијата помеѓу органите и институциите на подрачјето на општина Кочани е добра и истата треба во иднина да се продлабочува и надоградува.

На одржаниот состанок исто така се констатираше надлежните инспекциски органи зачестено да вршат контрола во угостителските објекти на подрачјето на Општина Кочани.

Сподели: