На 17ти мај во 19:30часот беше оджан традиционалниот средношколски натпревар помеѓу учениците и професорите на СОУ”Љупчо Сантов”. Натпреварот го организираше Младинската организација ,,Единство” и Интеракт клуб Кочани – Виница, истиот го отвори поранешниот професор на Љупчо Сантов Драги Јакимов, за време на натпреварот со музика не забавуваше диџеј “Purge” а потоа помеѓу првата и втората четвртина не воодушевија учениците од СОУ”Љупчо Сантов”.На полувремето беше оддржан натпреварот во борење на рака, каде што во машка категорија победник беше Иван Златков и доби награда ваучер од Спортисимо а во женска категорија Василија Христиќ доби награда ваучер од Парфимерија 99. Помеѓу 3тата и 4тата четвртина присутните ги забавуваше групата “Street Dance Urban Crew”, и за крај на натпреварот беа доделени ваучери од Рапсоди травел за најдобар потег на натпреварот кој го доби Филип Димитријев, а другиот ваучер од Рапсоди Травел му припадна на најдобриот играч на натпреварот Борче Апостолов.
Паричните средства од натпреварот ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
Благодарност до спонзорите: Винчини, Алфа Саунд, Евина, Пронто Принт, Рики Јуниор, Спортисимо, Парфимерија 99, диџеј Purge, Рапсоди Травел, Авизо Продукција.
Исто така благодарност до Стојан Рашков за фотографиите.
Соопштение од организаторите