Од денеска до 11 март граѓаните можат да напpaват yвид во Избиpaчкиот cпиcoк во подрачната канцеларија на ДИК во Кочани

Од денеска до 11-ти март на полноќ граѓаните ќе можат да направат увид во Избирачкиот список преку апликацијата на веб-страницата на Државната изборна комисија (ТУКА) или во подрачната канцеларија на Државната изборна комисија која се наоѓа во општинската зграда на Кочани.

Од Државната изборна комисија апелираат до сите граѓани што сакаат да учествуваат на изборите да го искористат јавниот увид, да се проверат на Избирачкиот список . До 11-ти март граѓаните можат да поднесат и барање за запишување, дополнување или бришење податоци во Избирачкиот список и тоа во подрачните одделенија и месни канцеларии на Комисијата.

ДИК во рок од пет дена (до 16 март) од денот на завршување на јавниот увид, Избирачкиот список го доставува до политичките партии.

И.Матеничарски

Сподели: