„Од другата страна на огледалото“ – изложба на дела од Катерина Соколова и Орхан Ќамил

Во  салонот „Фоаје 2“ на Центарот за култура „Бели мугри“ вчеравечер беше отворена изложбата „Од другата страна на огледалото“, од авторите Катерина  Соколова и Орхан Ќамил.

Станува збор за мултимедијален проект кој се состои од објекти, слики и огледала преку  кои е  претставена креативноста на уметникот.

– Делата кои се излагаат претставуваат една почетна скица која  наредниот период, јас и Катерина Соколова ќе ја доработуваме до завршено дело а дел од публиката ќе може да посведоичи и да го види крајниот резултат на сликата. Користиме поинаков пристап на изложбата и значењето е да се потенцира уметничкиот аспект на сликарството повеќе од класичниот начин на изложување, рече Орхан Ќамил, еден од авторите на изложбта.

Преку поинаков начин на изложување авторите на изложбата го претставуваат уметничкиот акт и преку  различен пристап ја претставуваат реалноста на публиката.

-Идејата на оваа концептуална изложба е да се покаже дека уметникот твори и ниедна општествена ситуација не може да го спречи за тој да го презентира својот ликовен ракопис. Оваа изложба не запира тука, оваа поставка на делата се како еден добар почеток за нешто што ќе следи во наредните денови. Јас и мојот колега Орхан Ќамил ќе доаѓаме најизменично и ќе интервенираме на овие платна, со цел да им дадеме душа, да го одбележиме тој ликовен акт и да му дадеме акцент, додаде Катерина Соколова.

Изложбата е дел од проектот финансиран од Министерството за култура на Република Македонија и ќе трае до следниот петок.

Сподели: