Од среда укинување на полицискиот час предлага Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести утрово на седница донесе одлуки кои ќе бидат предложени до Кризниот штаб.

Од среда, 16 јуни:

-Да се укине целосно полициски час. Епидемиолошката состојба е стабилна и го дозоволува ова.
– Да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави.
– Да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица.

Сподели: