Од утре започнуваат Петровденските пости

Православните христијани од утре 15-ти јуни ги започнуваат Петровденските пости, по повод празникот посветен на светите апостоли Петар и Павле.

Овој пост се смета за еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината по Велигденскот, Богодоричниот и Божиќниот.

-Од понеделник започнуваат Петровденските  или апостолски пости. Пости  кои се востановени во чест од благодарност кон апостолите. Според типикот пропишан од православната црква во деновите понеделник среда и петок е строг пост, вторник и четврток е благословена употреба на масло, додека сабота и недела се дозволува и риба. За одредена катрегорија на луѓе кои се возрасни, почетници во верата, родилки, доилки, луѓе кои работат тешка физичка работа постои можност за ублажување на постите со благослов на духовникот- информираат од православниот храм „Св.Вмч. Георгиј“ Кочани.

Духовниот пост подразбира воздржување  од лоши мисли, неправење лоши дела и безрезерва љубов кон Бога и сиот човечки род.

Сподели: