Од утре, 10 март во 22 часот започнува полициски час кој ќе трае до 5 часот наутро, во следните две недели, односно, до 22 март, соопшти премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција.
Претходно, министерот за здравство Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести, предложи на Главниот координативен кризен штаб на Владата да се воведе полициски час од 22 часот до 5 часот наутро, на територијата на целата држава.
Бројот на нови случаи во земјава во последните неколку денови е во пораст, а бројот на активни случаи сега изнесува 8.863.