Од четврток угостителите ќе работат до 21 часот

Владата на Република Македонија на денешната седница донесе одлука за работа на угостителските објекти до 21 часот, наместо досега до 18 часот.

Мерката стартува во четврток на 21. јануари.

Исто така, согласно епидемиолошката состојба, можно е работното време да биде продолжено и до 23 часот.

„Денеска на седница на Влада, усвоивме предлог, од 21.01 работното време на угостителските објекти да биде до 21 часот. Следната недела откако ќе ја анализираме епидемиолошката состојба во земјата, можно е дополнително олабавување на мерките, односно работното време на угостителските објекти да биде до 23 часот.“, напиша на фејсбук минстерот за здравство, Венко Филипче.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial