Од понеделник, 1 јуни 2020 година, почнува уписот на првоодделенците.
Поради здравствената криза, годинава запишувањето е одложено за 30 дена, со Уредбата со законска сила за примена на Законот на основно образование во вонредна состојба.
Уписот е задолжителен за децата кои до крајот на декември 2020 година ќе наполнат шест години, односно е задолжителен за сите деца родени во текот на 2014 година, но и за оние кои ќе пројават интерес, а се родени во текот на јануари 2015 година, по претходно барање од родителот односно старателот и добиено мислење од педагоготили психологот во училиштето.
Родителите се должни при уписот да достават извод од матичната книга на родените задетето, потврди за примените задолжителни вакцини за детето, офталмолошки/очен иза стоматолошки преглед, издадени од надлежна здравствена установа.
– Ги повикувам родителите на децата што треба да се запишат во прво одделение,целосно да ја почитуваат реонизацијата и своите деца да ги запишат според добиенитепокани од училиштата. На тој начин, покрај законските одредби, ќе се почитува и одлуката за реонизација при упис во прво одделение, донесена од Советот на Општина Кочани – повика градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев.
Врз основа на членот 60 од Законот за основно образование и членот 3-б од Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот на основно образование во вонредна состојба, основното образование е задолжително за сите деца од шест до петнаесет години, трае девет години и се организира во три периоди.
Заради запазување на мерките за спречување на ширење на пандемијата, основните училишта закажуваат термин за запишување на учениците.
Уписот ќе трае до 30 јуни2020 година.