Од 10-ти до 12-ти октомври – тениски турнир „Кочани Опен“ 2020

Од 10-ти до 12-ти октомври на тениските терени во Кочани за прв пат ќе се одржи турнирот „Кочани Опен“ 2020 – отворено првенство во тенис за сениори.

Турнирот е во организација на група ентузијасти, професионалци и љубители на тенисот кои имаат за цел натпреварувањето во иднина да прерасне во традиција.

На спортскиот настан досега се пријавени  околу 30-тина натпреварувачи од различни градови од државата, а пријавувањето на заинтересираните е во тек на веб страницата https://www.kochaniopen.mk/ и ќе  трае до 8-ми октомври.

Организаторите на турнирот на најдобрите три учесници ќе им додели  парични награди, додека за останатите натпреварувачи се предвидени останати поволности.

Секој учесник на турнирот ќе добие ваучер од 10% попуст за ручек во ресторанот „Аква“, како и ваучер со 20% попуст за ноќевање во „Еуро хотел Гратче“. Натпреварувачите кои ќе освојат 4-то, 5-то и 6-то место ќе добијат и ваучери од 1000 денари кои ќе можат да го искористат во Спортска меана Скопје.

Организаторите на турнирот „Кочани Опен“ изразија благодарност до спонзорите кои го поддржаа спортскиот настан, а воедно ги повикуваат и останатите компании да се вклучат во поддршка на турнирот. Оттаму додаваат дека  преостанатите парични средства ќе бидат наменет за развој на спротот и тенисот, репарација на тениските терени како и развој на академијата за млади тенисери. Се надеваат дека турнирот ќе прерасне во традиционален спортски настан преку кој ќе се афирмира тенисот како спорт во Кочани.

И.Матеничарски

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial