Во општина Зрновци започува со работа мобилната амбуланта во која се нудат бесплатни гинеколошки прегледи за жените од населените места од општината, со цел превенција од рак на грлото на матката.
– Ги известуваме сите жени на територијата на општина Зрновци , кои сакаат да извршат бесплатен гинеколошки преглед, вклучувајќи и ПАП тест, да се обратат или да се пријават на тел број 078/397-019 за закажување на термин. Мобилната амбулантата започнува со работа од 15 октомври 2024 година (вторник) во просториите на Венчалната сала во Општина Зрновци во периодот од 10.00 до 13.00 часот, а пријавените дополнитено ќе бидат известени за датум и време на одржување на прегледите, соопштија од Црвен крст Кочани.
Со работата на мобилната амбуланта треба да се зголеми бројот на жени од ранливите групи и од руралните и оддалечените места кои ќе направат бесплатни гинеколошки прегледи и да се подигне свеста за важноста од редовни скрининзи. Прегледите се најдобра заштита од рак на грлото на матката.
Контролите ги вршат гинеколози од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и повеќе болници во државата.
Работата на мобилните амбуланти е овозможена со поддршка на Министерството за здравство, Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари –МАГО, Македонското лекарско друштво и Општина Зрновци Црвениот крст на РСМ.