Од 15-18 август – Младинска ликовна колонија „Св. Пантелејмон“ 2022


Националната установа – Центар за култура”Бели мугри” – Кочани,
по двегодишна пауза, со задоволство Ви ја највува реализацијата на МЛАДИНСКАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА “СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН 2022 “.

Колонијата годинава ќе се одржи во периодот од 15-18 Август и истата е дел од годишната програма на установата, под целосно покровителство на Министерството за култура на РСМ.

Ликовната колонија “ Св. Пантелејмон “ 2022 година

Национална установа – Центар за култура “Бели мугри”– Кочани
(Од 15 до 18 Август )

По долгогодишна пауза во 2012 година Општина Кочани организираше детска Ликовна колонија која ја насловивме Св. Пантелејмон, по што и самото сместување и творење на учесниците се одвиваше во манастирот Св. Пантелејмон – село Пантелеј.

Ликовната колонија беше отпочната да се реализирана во рамките на манифестацијата Кочани град на културата за 2012 годна во Р. Македонија. Учесници беа талентирани ученици од повеќе градови низ Македонија од Скопје, Куманово, Кочани и од Прилеп. Поради интересот и прекрасното искуство на организаторите и на самите учесници на оваа ликовна колонија, истата во континуитет продожи да се реализира до ден денес. Како искуство од веќе реализираните претходни години оваа ликовната колонија е од голем и важен карактер за изградба на еден млад ликовен творец, според тоа очекуваните цели до сега покажаа голем ефект и очекуваме дека со оваа ликовна колонија ќе ги прошириме уметностите и пријателсвата помеѓу идните ликовни автори преку самата дружба и работа.

Годишната граница на учесниците е од 15 до 18 години. Учениците се предводени и организирани од ментор м- р Александра Димитрова стручен соработник за визуелни уметности од НУЦК “Бели мугри”-Кочани, каде преку разговори и сугестии се надоградуваат и реализираат преку сликање и творење.

Ликовната колонија Св. Пантелејмон оваа 2022година ќе трае четири дена каде во сите тие денови им претстои исполнета програма со активности , дружење, ликовна едукација и образовно – ликовно доусоврашување. одинава, ликовната колонија Св. Пантелејмон ја продолжува својата традиција, на колонијата ќе учествуваат ученици кои се по избор од свои професори.

Годинава ликовната колонија ќе се реализира во комплексот “Осоговски конак” – Пониква на Осоговските планини. Учениците ќе работат на сликарски платна во акрилна техника. Материјалите за работа на колонијата ги обезбедува НУЦК “Бели мугри” – Кочани, а исто така се обезбедени сместувањето и исхраната на учесниците .

Учесници на оваа ликовна колонија се:

  • Ивона Здравева 18години од Кочани;
  • Драгана Трифунова 18 години од Кочани;
  • Давид Јосифов 17години од Кочани;
  • Сара Серафимова 18 години од Кочани;
  • Јана Илијевска 15 години од Оризари;
  • Тодорка Петковска 17 години од Кавадарци;
  • Ивана Гиновска 17години од Кавадарци;
  • Сара Стоилова 16 години од Ново Село Струмица;
  • Ѕвонко Толев ментор од Ново Село, Струмица

НУЦК „Бели Мугри“

Сподели: