Од 16 јануари „Осогово“ ги започнува подготовките за пролетниот дел од првенството

ГФК Осогово подготовките за пролетниот дел од ВМФЛ Исток ќе ги започне на 16.01. 2021 година.

Тренерот Трајче Сенев ќе ја изврши првата прозивка на Градскиот стадион „Никола Мантов“ каде ше е предвидено да бидат реализирани подготовките.

Во пресрет на продолжението од сезона ќе бидат одиграни четири контролни дуел против Брегалница Штип (30-ти јануари), Кит-го (6-ти февруари), Тиквеш (13-ти февруари) и Брегалница Делчево (20-ти февруари).

ГФК „Осогово“

Сподели: