Од 17 до 19 јуни второ прскање против комарци во Кочанско

Од 17 до 19 јуни (среда, четврток и петок), на подрачјето на Кочани ќе се спроведе ларвицидно и превентивно терестичко, односно прскање од земја за заштита одкомарци.

Ларвицидниот третман ќе се изврши в среда, а терестичкото на 18 и 19 јуни во доцните вечерни, односно раните утрински часови.

Со ларвицидното прскање ќе се опфати површина од 6 хектари, а со втората фаза од дезинсекцијата со која ќе бидат опфатени 300 хектари од градското подрачје на Кочани и селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево иОризари. За третманот против комарците ќе се користи широкоспектарен водорастворлив инсектицид за третирање комарци, одобрен од Бирото за лекови.

Прскањето ќе го врши екипа од Центарот за јавно здравје – Кочани.Во случај на ветар, дожд и други неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе се одложи за следен поволен период.

Сподели: