Од 2-7 мај курс за тренери и судии во борење во Кочани

Боречката Федерација на Република Македонија во соработка со Меѓународната Светска боречка Федерација (УВВ) од 2-7 мај во Кочани организира курс за тренери и судии.

Курсот ќе содржи теоретски и практичен дел, а едукатор ќе биде Георги Средков за тренери – ниво 1. На крајот од курсот учесниците ќе добијат сертификати за учество на првенства во борење.

Од БК „Спартак“ на курсот за тренери ќе учествуваат Влатко Соколов и Зоран Сребренов, додека за судии Гоце Ангелов и Игор Христов. Едукатор кој ќе го обучува судиите ќе биде Давор Петање од Хрватска.

Во рамки на обуката, в недела на 8 мај во Кочани ќе се одржи практичен дел – првенство во борење за кадети/ки до 17 години.

Сподели: