И годинава пчеларско здружение „Матица“ од Кочани организира манифестација по повод Деновите на медот.
Од петок до недела од 20 до 22 октомври на штандови свои производи ќе излагаат познати пчелари од повеќе градови од републиката. Освен мед и пчелни производи ќе има излагачи и на пчеларска опрема.
Отворањето е предвидено за в сабота на 21 ти октомври во 11 часот во паркот во Кочани каде што е планирана и културно уметничка програма со настап на ученици од ОУ „Раде Кратовче“, ОМУ „Ристо Јуруков, Музичката школа „Sound Centar“ и КУД „Руен“ од Кочани.
Од ПЗ „Матица“ ги покануваат сите граѓани да бидат дел од саемот и да си купат мед и пчелни производи по пониски саемски цени.