Од 27 до 29 септември, богата тридневна програма на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ 2024

В петок, 27 септември, во Градскиот парк со почеток во 19:30 часот – Избор на жетварска убавица и концерт на македонската поп пејачка Каролина Гочева. Од 22:00 часот вечерна забава со Dj Acko.

Во сабота, 28 септември, во Градскиот парк програмата започнува во 10:30 часот со изложбата „Св. Пантелејмон“, понатаму во 11:00 часот ќе се случува големото Празнично дефиле со дефилирање и претставување на јавни институции, здруженија, фолклорни ансамбли итн. Групите ќе дефилираат од Градскиот плоштад, низ улицата „Маршал Тито“ сѐ до Градскиот Парк на летната сцена каде ќе имаат свое претставување. Во текот на денот следуваат настаните:
12:30 часот – Забавен настан за деца со Дарко Ѓурчиновски, од 13:00 часот Фолклорен концерт на фолклорни групи од Кочани и Кочанско, 17:00 часот – Изложба „Дозимери кочански“ од Драган Верговски – Алпи во ЈОУ Библиотека „Искра“, а од 18:00 часот Фолклорен концерт на странски фолклорни групи. Во вечерните часови од 20:00 часот ќе следува забава со Malinov & Special Selection. Во текот на денот ќе бидат поставени штандови од фирми и здруженија од Кочани.

Во недела на 29 септември, традиционалното зажнејување и вршидбата на ориз ќе се случуваат во Оризари. Ќе следува и културно – уметничка програма со настапи на оркестари, фолклорни ансамбли и настап на фолк пеачот Дамјан Стојаноски.

Сподели: