Од 5 – 8 мај, IX Меѓународен Фолклорен фестивал „Традиционални Ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“

Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари, по повод верскиот празник Ѓурѓовден годинава од 5 до 8 мај, ќе го одржи 9. издание на Меѓународен Фолклорен фестивал „Традиционални Ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“ –  Оризари со фолклорени концерти во Зрновци, Мородвис и Оризари.

На годинашново издание на фестивалот ќе настапат над 700 учесници од Македонија и гости од Р. Србија и Р. Црна Гора.

Отворањето на фестивалот е закажано за в четвток, 5 мај, со почеток од 17 ч. во селото Видовиште, Зрновци кај местото викано „Кај Крстот“ каде ќе настапат играорци од ФА „Љупчо Сантов“, играорна група од Зрновци,  и гостите ФА „Бијела“ од Бијела, Херцег Нови, Р. Црна Гора.

На 6 мај, петок ќе се одржи фолклорен концерт во Оризари, односно традиционално дефиле на учесниците на фестивалот во Оризари, традиционални ѓурѓовденски обичаи проследено со песни и ора во Домот на културата во Оризари и дегустација на традиционални јадења. За в сабота, 7 мај е предвидено дефиле на учесниците и во Зрновци, традиционални ѓурѓовденски игри на плоштадот во Зрновци, концерт и дегустација на традиционални јадења.

Затворањето на фестивалот е закажано за в недела, 8 мај со традиционално испраќање на учесниците на годинашново издание.

IX Меѓународен Фолклорен фестивал „Традиционални Ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“ е финансиран од Министерството за култура , ФА „Љупчо Сантов“ – Оризари, Општина Кочани, Зрновци, Виница и Македонска Каменица.

Сподели: