Од 6-8 септември на кошаркарското игралиште во СОУ „Љупчо Сантов“ ќе се одигра кошаркарски турнир во баскет што во организација на Здружението на граѓани „Три Икс Три“ – Кочани се реализира втор година по ред.
Во информацијата до испратена до јавноста стои:
– Втора година по ред во градот Кочани ќе се органзира турнир во Баскет 3×3 . Кочани добива турнир од светски карактер бидејќи овааа година целиот настан е лиценциран од Фиба 3×3 . Зголеменит број на екипи ќе донесе поостра борба на теренот и подинамична игра. Нашара цел останува иста односно да ја подигнеме спортската свест и иницијативата кај младите луѓе како и дружбата кај граѓаните а најважно од се е турнирот да прерасне во традиција. Младите да го засакаат спортот и да бидат следните успешни генерации на нашето Кочани, стои во испратеното соопштение.
На турнирот ќе бидат доделени награди за прво место (60 илјади денари), второ место (30 илјади денари) и третто место (10 илјади денари)
Пријавувањето на екипите е на следниот линк со клик ОВДЕ.
Турнирот е поддржан од Општина Кочани.