Во фоајето 2 на НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани вечерва беше отворена изложбата на принтови насловена „Окно“ на младите уметници Ана Јовановска и Стефан Анчевски.
![](https://glasno.mk/wp-content/uploads/2022/05/DSC_4911.jpg)
На изложбата се претставени 40 –тина принтови на цртежи кои се насликани на јавен простор низ Куманово во форма на улична плочка, а пренесени преку принт во боја пред кочанската публика.
![](https://glasno.mk/wp-content/uploads/2022/05/DSC_4910.jpg)
– Се работи за серија интервенции на јавен простор во вид на цртеж или слика на простор со димензии на улична плочка. Овие нови мини слики направени за време на прошетки и излизгани досадни рути, се оставени на случајниот минувач да ги открие. Проектот постои во вид на дигитална и физичка фото документација од „окната“, како и мапа од различните локации каде можат да се пронајдат. Предвиден е да биде прикажан како легенда со „QR“ код од несекојдневните рути закачени на ѕид и во вид на и форекс принтови од самите слики поставени на подот од галеријата, помеѓу други дела – истакна Александра Димитрова , стручен соработник за визуелни уметности, архитектур и дизајн.
![](https://glasno.mk/wp-content/uploads/2022/05/DSC_4900.jpg)
Цртежите на јавен простор во Куманово се изработени за време на падндемијата со Корона вирусот, а како што истакнаа авторите, идејата била уметноста да продолжи и за време на пандемијата со оглед дека во тоа време беа затворени за јавноста сите културно – уметнички институции. Денешната изложба преку принт во боја е можност иновативната идеја да се прикаже пред пошироката публика, додадоа авторите.
![](https://glasno.mk/wp-content/uploads/2022/05/DSC_4892.jpg)
Изложбата „Окна“ е дел од Годишната програма на НУЦК „Бели Мугри“ преку целосна финансиска поддршка на Министерството за култура.
Линк до мапата со клик ОВДЕ.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов
![](https://glasno.mk/wp-content/uploads/2022/05/DSC_4891.jpg)
![](https://glasno.mk/wp-content/uploads/2022/05/DSC_4894.jpg)