ОК ВМРО-ДПМНЕ Кочани: Барате избори без можност да се сретнете со луѓето, затоа што неможете да ги погледнете во очи!

Почитувани медиуми, почитувани сограѓани!

Апсурдно е како СДС водат кампања во која не тераат да се навикнуваме на-Нова нормалност! Само вчера не задолжија 700 милиони евра! Банкрот ли е новата нормалност?

Парите од мерките од јавните повици преку АВРМ ненормално се “делат” во “полициски час”, тоа претпоставуваме е новата нормалност?

Македонија е оценета како хибриден режим и тоа е далеку од нормално за една демократија, ама најверојатно и тоа припаѓа во “Новата нормалност” на СДС! Да се носат трас трас пресуди не е нормално, ама по се изгледа и тоа е новата нормалност според СДС!

Не е нормално да делиш флаери со партиски слогани и да тераш кампања пред “полициски час” ама еве и тоа се случува во “новата нормалност” на СДС

Сите параметри покажуваат дека Македонија многу лошо се справи со здравствената, но и со економскта криза која ја предизвика корона вирусот.

Ова е убедливо најнеспособната влада со најнеспособните луѓе во историјата на Република Македонија! Затоа барате избори без кампања, барате избори без можност да се сретнете со луѓето, затоа што не можете да ги погледнете во очи! Ама за вас и тоа е нормално!

Мирче Стојков, член на ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани

Сподели: