Вие Господа, поединци од раководството на ОО сдсм Зрновци, можете да ги премолчите и опростите сите Ваши предавства кои изминатите години ги нижите со вашите погубни политики спрема сопствената држава и Македонскиот народ, но никако не можете да го опростите секој постигнат успех од страна на Градоначалниците на Општина Зрновци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ изминатите 20 години.
Така да и овој пат од информацијата за одблокирање на Буџетската сметка на Општина Зрновци, за ситни политички дневни цели, ја искривувате вистината, ширете лаги и дезинформации за наводно пустошење на Општина Зрновци во време кога Локалната власт е предводена од Градоначалници од редовите на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ.
Вашиот обид да ја оцрните политиката на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ, како и напаѓање и навреди кон Градоначалниците од нашите редови, Ви паѓа во вода со оглед на реалната состојба во Општина Зрновци.
Изминатите 20 години Општина Зрновци не се пустошела, туку се градела и развивала, за што сведочат огромниот број на реализирани проекти во секоја свера.
Граѓаните на општина Зрновци ги интересира реализирани проекти и зголемени подобрени стандарди за живот кои се спроведуваат благодарение на домаќинското и одговорно работење од страна на Градоначалниците, како во изминатиот период, така и во иднина.
Веке четврта година сте на Власт, доколку е имало била каква потреба од ревизија на наводно ваше лажно обвинување за недомаќинско работење изминатите години во Локалната самоуправа, Вие тоа ќе сте го сториле со брзината на светлината, но и Вие самите знаете дека такво нешто не постои.
Општина Зрновци, како и до сега ќе продолжи по патот на просперитет и успех со посветено, домаќинско и одговорно работење, тоа е единствениот начин на оправдување на довербата кои ја даваат изминатите 20 години граѓаните на Општина Зрновци, препознавајки ја политиката на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ,
31.01.2022
Со ПОЧИТ,
ОК на ВМРО-ДПМНЕ ЗРНОВЦИ