ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани: Граѓаните знаат дека проектот Брана Речани го започна Владата на ВМРО-ДПМНЕ

vmrostab

Почитувани,

Како што наближува 15 ти Јули и соочувањето со граганите  паниката во СДС расте , па ширењето на лаги и манипулации им стана единствен начин на делување.

Во изминатите 3 години СДС  целосно ја стопираше изградбата на браната ,за да денес на неколку дена пред изборите , без чуство на срам , излезат пред граганите и ветуваат реализација на проектот и притоа изнесуваат еден куп лаги за да си покријат својата неспособност.

Немајќи идеи , концепт и реализација на проектите што ги ветуваа,се зафатија за проектите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ за кои имаа 3 години да ги завршат но како што можеме сите да посведочиме, нити имаат капацитет нити волја да ги реализираат.

Граганите знаат дека проектот Брана Речани го започна Владата на ВМРО-ДПМНЕ и знаат дека новата Влада на чело со Христијан Мицковски ќе го реализира овој многу значаен проект за граганите од регионот.

Времето на лажни  ветувања е завршено !

Доаѓа обнова  на Македонија !

Со почит,

ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани

Сподели: