Неспособноста на оваа влада предводена од СДСМ да се справи со Корона кризата е пресликана и на локално ниво во Општина Кочани.
На 21 јуни, 2020-та година, градоначалникот Илијев и директорот Серафимов, помпезно го најавија проектот монтажна модуларна болница која требаше во тој период да биде од најголема итност за граѓаните од Источниот регион.
И додека во најголемот пик на Корона, за само 4 месеци, во Република Србија беа изградени две Ковид болници по сите светски стандарди, со врвна опрема и дијагностика, кај нас на неспособната власт им требаа 7 месеци само да ја израмнат промашената локација.
Почнаа со припрема на објектот од времен карактер уште во јуни 2020-та година. Во тој период како привремено решение, болните од Ковид-19 се збринуваа во постоечките капацитети на болницата, и тоа во ограничен број поради недостатокот на простор.
Од монтажната модуларна болница на предвидената локацијата има само тампон, земја и песок, или кал после секој дожд. Очигледно властите и овој пат не си ги исполнија задачите и обврските спрема ѓраганите.
Како за компарација ви ги презентираме сликите на изграденото во Крушевац и во Кочани!?
Дали се потребни зборови?
Купувањето време на неспособната власт и немањето стратегија во справувањето со Ковид -19 е препознаено од граѓаните и ќе биде казнето на следните избори.
Со почит!
Комисија за здравство при ОК на ВМРО ДПМНЕ – Кочани
Портпарол – Кристина Атанасова Арсова