Почитувани граѓани,
Дрскоста, самоволието и теснопартиските интереси денес во Советот на општина Кочани доминираа во целост, за разлика од вистинската функција на Советникот и принципите пропишани во едно нормално демократско општество.
Опозицијата во Советот ги заборави интересите на сите граѓани без разлика на нивната партиска определба, директно на штета на функционалноста, потребите на граѓаните и прогресот во Општина Кочани. Со варварски и насилнички методи го урнаа дигнитетот на Советот како орган, притоа заборавајќи дека проблемите ги тангираат сите, па дури и нивните гласачи.
Oд петни жили сакаа да заштитат одредени бизнисмени во оранжерискиот сектор кои ја користат геотермалната вода од КЈП ,, Водовод’’, односно да не се зголеми цената на топлата вода.Со тоа тие прават КЈП Водовод загубата на финансии од тој сектор да се надополни во сметките за вода што ги плаќаат сите граѓани. Наместо да се обединиме како Советници и да бараме од Централната власт финансиска помош за Јавните претпријатија, како што прават во другите општини поради енормното зголемување на струјата, тие ,,мислат ‘’ дека печалат политички поени со нивното ,,циркузантско однесување”.
Одмрзнувањето и зголемувањето на цените е на повидок, лебот ќе поскапи, енергетската криза сите ја чувствуваме и наместо да се договориме како да реагираме предвреме во корелација со Централната власт за амортизација на ценовните шокови, опозицијата во Советот прави дисфункционалност и деградирање на најважниот орган во општината.
Исто така, одредени точки кои се однесуваа за чистиот воздух, за јавна трибина поврзана со Пејпер Мил, палењата на стрништата, општи проблеми на граѓаните, денес не можеа ниту да дојдат на дневен ред поради незаинтересираноста и аматеризмот на Советниците од опозицијата.
Со ова тие го достигнаа врвот на нивната деструкција.
Ние нема да дозволиме да се спуштиме на тоа деструктивно ниво, кое не допринесува за било кој граѓанин што живее во општина Кочани.
Со почит
ОК на ВМРО – ДПМНЕ
Кочани