Како политичка партија изразуваме сериозна загриженост за појава на кластер поврзан со ОО на СДС, во таа насока упатуваме јавно прашање до директорката на детската градинка “Павлина Вељанова” Едита Миткова и очекуваме искрен, краток и концизен одговор: Дали сте биле повикана и сте присуствувале на партиски состанок во просториите на ОО на СДС од Кочани во период од неколку дена пред и по земање на примерок за тестирање?
Воедно ве потсетуваме дека доколку дадете погрешни информации а постојат докази за состанокот, прикривањето ќе подлежи на сериозна, кривична одговорност. Помислете на вашето здравје и на здравјето на нашите сограѓани, веќе нема простор за манипулации.
На директорката на градинката и на вработените им посакуваме добро здравје.
Директно прашање без избегнување.
Центар за комуникации на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани