ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани: Младите се разочарани од СДС и за жал се поголем број од нив не ја гледаат својата иднина овде

Почитувани,

Неспособноста на СДС можеби најмногу на своја кожа ја почуствуваа младите во Република Македонија. Младите се разочарани од СДС и за жал се поголем број од нив не ја гледаат својата иднина овде.

Во овие три години имаме рекорден број на иселени млади лица, иако СДС ветуваше дека ке ги враќа и веќе иселените. СДС им ветуваше вработување по завршување на школувањето,отварање на бизнис инкубатори,изградба на студентски град,но по доагањето на власт заборавија на ветувањата, но и воопшто на нив.

Празните предизборни ветувања се само алатка за манипулација на СДС, тие се познати по таквиот начин на функионирање , но младите се доволно свесни и разумни за да го препознаат тоа. Соочени со огромното незадоволство кај младите од нивното владеење, СДС на еден срамен и потценувачки начин, типичен за нив, се обидуваат да ги поткупат со ваучери од 3000 ден. и се надеваат дека истите ќе им заборават и ќе им го опростат тоа што ги лажеја и заборавија на нив сите овие години.

Не господа од СДС – со ваучери од 3000 денари неможете да им ја надоместите украдената иднина на младите, и ваквите очајнички потези со „3000 денари за невработените млади, а 100.000 евра за Кочо Анѓушев не само што нема да ви поминат кај младите , напротив уште повеќе ја исцртуваат грдата слика на младиот човек за вашето владеење.

Ви благодарам,

Кирил Ѓеорѓиев

Секретар на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани

Сподели: