ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Кочани – Политичка реакција

Почитувани во време на најголемата економска и здраствена криза, владата предводена од СДС се однесува неодоговорно и расипнички со парите на граѓанитеи на даночните обврзници.

Имено, земајќи ја во обзир изборната програма на СДС за 2020-2024 година директно во поглавјето  Ред, Правда и дисциплина под мотото “Администрацијата мора да им служи,а не да им биде товар на граѓаните”  Ветуваат намалување на бројот на вработени во администрацијата за 20% до крајот на 2024. Но дали на СДС му доликува да го исполни своето ветување? Нормално дека не.

Конкретно во овој случај станува збор за генералниот директор на Јавното претпријатие ʺМАКЕДОНСКИ ПОШТИʺ Јани Макрадули вечниот транзиционен кадар,  човекот кој што беше одговорен за Животната средина сега е во нова расипничка улога. Имено на ден 04.12.2020 во јавните дневни гласила е распишан оглас за вработување на 280 лица на работно место пошторазнесувачи со нето плата од 17.656 денари, чиј работен однос треба да биде на 40 часа неделно на неопределено време,односно народски кажано со решение.Ова ли е тоа намалување на администрацијата за кое ветуваат во програмата?

На територија на општина Кочани е распишан оглас за 21 пошторазнесувачи огласот може да го најдете и на официјалната страна на АВРМ.  Доколку се направи едноставна пресметка само со нето платата и придонесите од задолжително социјално осигорување ќе се дојде до сума од 6.546.456 за сите 21-едно вработување, без додатоците на плата за прекувремна работа, работа на празник, минат труд или други допонителни бонуси и додатоци кои се пропишани со колективниот договор на јавното претпријатие, што би значело дека над 6.5 милиони денари со сигорност ќе бидат поторошени на расходи за плати,односно народски кажано за вдомување на партиска војска на СДС.

Кога беа во опозиција велеаа дека имa превработеност во јавните претпијатија и дека се нефикасни и непродуктивни во своето работење. Но кога се на власт тогаш имаат кратко памтење и водат други партиски политики.

Зарем не е попаметно овие 6,5 милиони денари да се инвестираат во здравството, во општата болница во Кочани за пациентите да имаат основни услови, или пак да се набави заштитна опрема за здраствените работници, може да се иневестираат и во образованието за лап топ на децата да можат да ја следат наставата без проблем. Нели СДС ке ја намалуваше администрацијата и партиска војска, Треба ли да напоменуваме дека и самото јавно претрпријатие работи со зголемени ризици по пропаѓањето на ЕУРОСТАНДАРДБАНКА АД Скопје , а од друга страна непотребноги зголемува расходите за плата, свесно ли сака да се уништи и ова јавно препријатие, да се трупаат долгови за да на крајот ” Македонски пошти” како загубар да оди на продажба.

Македонија за да продолжи напред и достоинствено да чекори, СДС мора да да биде запрен

Време е за крај   

Мирче Стојков, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Кочани

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial