ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани-Поплавите кои се случија деновиве во Кочани и кои нанесоа огромна материјална штета се директна последица од неодржувањето на системот за атмосферска канализација

vmrostab

Почитувани,

СДС 3 години во свои раце ја имаат целокупната власт во Република Македонија.

Кога станува збор за лични бенефити и злоупотреби на моќта на власта и те како се свесни за овој факт.

Но, практицирањето на власт не носи само бенефиции за функционерите и партиските членови, како што е пракса во СДС.

Власта подразбира пред се грижа за граганите и решавање на нивните проблеми.

Кога проблемите излегуваат на површина СДС забораваат дека се власт и вината за својата неспособност и неработење се обидуваат да ја префрлат на некој друг.

Таков е случајот и со  актуелниот проблем со поплавите во Општина Кочани.

СДС деновиве не обвинува за изградбата на системот за атмосферска канализација кој беше изграден во време кога локалната власт беше во рацете на ВМРО-ДПМНЕ.

Овој систем беше предуслов за изградбата на прочистителната станица за отпадни води во Кочани која преставува најголемата капитална инвестиција во нашата Општина во последните 30 години.Овој значаен проект беше целосно проектиран  и изграден од локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ иако  денес СДС  се фали со него и си го присвојува како своја заслуга.

Фактот дека не сработија ништо во овие три години се обидуваа да го прикријат со туѓи проекти а лицемерието оди дотаму што на свеченото отварање на оваа станица со хеликоптер го носеја својот партиски лидер за да се слика и  држи говори .

Сакаме овде да ги потсетиме СДС  дека локалната власт е во нивни раце и една од обврските што ја носи власта е и грижата за системот за атмосферска канализација кој што и го оставивме изграден и функционален.

Поплавите кои се случија деновиве во Кочани и кои нанесоа  огромна материјална штета на погодените граѓани се директна последица од негрижата односно неодржувањето на системот за атмосферска канализација.

Програмата за одржување на сливните решетки  за атмосферска канализација од 600.000 ден. Кои КЈП Водовод ги добива за чистење на истите  најверојатно Ви стои само како документ во фиока во Општината, бидејки на терен е лесно воочливо дека не се спроведува.

Доказ за тоа се  сликите кои после поплавите излегоа во локалните портали а на кои се забележува преполнетата со отпад канализација.

Со ваквата негрижа и неспособност СДС им нанесе преголема  штета на граѓаните, но да ѓи потсетиме дека граѓаните наскоро ќе им го достават одговорот за тоа.

Со почит,

ВМРО- ДПМНЕ ОК Кочани

Сподели: