ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани – Реакција на соопштение од ОО на СДСМ

vmrostab

Лицемерни обиди на СДСМ за собирање ситни политички поени.

Исто како во онаа старата народна поговорка ,,Ем шуто, ем боде” така и СДСМ денес се јавија преку перото на старо-новиот претседател, и тие да кажат нешто за денешната состојба во државата.А состојбата воопшто не е за фалење.
Впрочем, тоа што е незамисливо и н . еприфатливо е релативизацијата на живеачката во Република Македонија:
Покачени основни артикли, масло за јадење, храната, нафтата, скоро сите услуги…

Во време кога бараме членство во ЕУ сеуште се вршат притисоци на наставници по основното работничко право-ШТРАЈК!
А штрајкуваат сите…во сите сфери на општеството.

Смешниот ПР на СДСМ секогаш е подготвен да Ве насмее или расплаче.Оние кои медиумски ја манипулираат јавноста се баш тие, искривувајќи ја вистината и избегнувајќи да одговорат на многу горливи прашања од економијата, надворешната политика, само и само правејќи опструкции и сопки на градоначалниците од ВМРО ДПМНЕ, а цената на крај се знае кој ќе ја плати-Народот.

Тоа што им недостасува е морал, а градоначалникот работи за сите еднакво и проектите се во служба на граѓаните а не на ова или она конто.

Се надеваме дека еднаш засекогаш ќе бидат доблесни да дадат признание и отчет за состојбата во која се наоѓа државата, наместо да се кријат и манипулираат со Корона криза, со војната во Украина, со сите можни средства да ја скријат својата неспособност и некадарност да ја водат државата.
Со нивното соопштение, СДСМ пласираат неколку тези кои ние би ги конвертирале по следниот редослед:

  1. Сите проекти кои се од корист на граѓаните, нормално да се реализираат…
    2.Финансиите за изградба на потисниот цевковод не се од приватниот фонд на Николчо Илијев или на СДСМ, туку се обезбедени од средствата на ТАВ, странска компанија која инвестира во Македонија во 2008 година, во време кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт.
    3.Со бесмисленото соопштение СДСМ, само собират ситни политички поени и ништо повеќе.
    4.Лицемерието на СДСМ дотолку повеќе е што немаат кажано ниеден збор како пофалба за бројните проекти наследени од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои се прикажани на фотографии.

Избори Г-да, и тоа веднаш!

Само така ќе докажете дека имате минимално право да давате вакви смешни изјави и коментари.

ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани

Сподели: